Заменичката министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска во интервју за Лидер открива дека СДСМ во институциите на државата вработува луѓе на начин што ги менува актите за систематизација и по неколку пати. Лидер во промената е генералниот секретар Драги Рашковски, кој дури 15 пати ја има сменето систематизацијата со цел прекројување на работните места.
Дополнително, открива таа, има институции кои откако ќе го распишат огласот за вработување ја менуваат етничката припадност на лицата кои што треба да ги вработат, а со цел да се исполнат условите од конкурсот, лицата со нотарска изјава треба да потврдат својата етничка припадност.
– Никој вас не може да ви забрани како се чувствувате, но исто така е спротивно на законот на Уставот вас да ве тераат да одите на нотар да дадете изјава за етничката припадност за која вие се чувствувате или припаѓате. Но, исто така куриозитетот е малку друг бидејќи има советници кои што се од редовите на СДСМ кои за потребите на советот потпишале изјава за припадност на една национална етничка припадност во Република Македонија за потребата на огласот кој што е распишан за нив, на друго место за вработување тие ја менуваат етничката припадност во исто време кога веќе даваат и изјава, вели Стаменковска.
Целото интервју можете да го погледнете во продолжение…