Македонија 23. април 2018. / 23:49

(ВИДЕО) Со оро и чочек Заев и СДСМ го отворија автопатот Демир Капија – Смоквица

(ВИДЕО) Со оро и чочек Заев и СДСМ го отворија автопатот Демир Капија – Смоквица

Во свечена, повеќе свадбарска, и крајно европска атмосфера премиерот Зоран Заев го означи за отворен автопатот Демир Капија – Смоквица, пишува Република.

Новата автопатска делница, која е во рамки на коридорот 10, е дел од вкупните вложувања на Европската унија во транспортната инфраструктура на земјата, кои во изминатите неколку години достигнаа речиси 325 милиони евра.

-Поврзувањето е основен чекор за изедначување на нашите регионални стандарди со оние на Европската унија кон која нѐ водат сите патишта. Овој автопат е еден од нив и во буквална смисла. Овој автопат поврзува, и води кон ЕУ“, истакна премиерот.

Оро се играше, токму покраш платформата во која седеше премиерот Заев.

На видеоснимката објавена на Инфомакс пластично е објаснето она што го изјави премиерот. Локалните социјалдемократи се погрижиле за европскиот дел на денешната свеченост, па ѝ придале свадбарски шмек. Викнале блех оркестар, па низ тунелот со растресени задници, со сплет од чочеци тргнаа кон Европа. Се фрлаале пари на музика, се паѓало во транс. Свадба

Погледнете дел од атмосферата.