Македонија 06. август 2019. / 17:28

(ВИДЕО) Со новиот закон СДСМ дава можност партиски шерифи да градат кафани, ресторани и спортски терени на земјоделско земјиште

(ВИДЕО) Со новиот закон СДСМ дава можност партиски шерифи да градат кафани, ресторани и спортски терени на земјоделско земјиште

Зоран Заев и СДСМ наместо да обезбедат откуп и подобри откупни цени за земјоделските производи, со новиот Закон за земјоделско земјиште им даваат можност на нивните партиски шерифи да градат кафани, ресторани и спортски терени дури и на земјоделско земјиште од прва категорија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова значи дека среде кочанско, струмичко или пелагониско поле наместо садење подобри култури и подобрување на условите за одгледување на земјоделски култури ќе никнуваат кафани и ресторани. Ова не е во полза на земјоделците, ова е во полза на партиските моќници.

Дири и министерот Димковски на денешната прес конференција не веруваше во лагите кој ги читаше и не успеа да го прикрие криминалот кој ќе се случува во иднина со земјоделското земјиште.

Господине Заев, кому му ветивте маркица за кафана, ресторан или спортски терен во сред струмичко, кочанско или пелагониско поле? Кој треба да се офајди и за кого правите дупки во законот?, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.