Изгоре голем дел од трговскиот центар Глобал и причинета е голема материјална штета.
Мора да знаеме дека овој трговски центар е изграден во 2008 година и претставуваше дивоградба. Тогашен градоначалник на Струмица, а сега актуелен премиер на Македонија, Зоран Заев, за малку ќе завршеше во затвор поради тоа што нелегално изгради објект на државно земјиште и за кое се водеше постапка за денационализација.
Оваа дивоградба која подоцна беше легализирана благодарение на аболицијата за Заев од Бранко Црвенковски, дивоградбата сега веќе е легална, а пред два дена изгоре голем дел од неа.
Треба да ни биде јасно следново. Уште од самиот почеток во оваа градба не е вграден противпожарен систем. За тие што се помалку упатени, станува збор за прскалки и аларми кои се вклучуваат кога имам одреден чад. Нема противпожарен систем во објект изграден во 21 век!
Понатаму, сведоштвата на пожарникарите говорат дека кога влегле во објектот не работел ни еден противпожарен апарат. Тоа значи дека некој, намерно или ненамерно го оставил овој објект без техничка можност да се справи со пожар. Зошто? Одговорот е многу едноставен. Заради пари. Инвеститорот кога го градел објект штедел на она што се нарекува заштита од пожар, а потоа контролите на инспекциите не биле доволнио добри и го оставиле овој објект без функционален апарат за гаснење на пожар. Шпекулациите одат до таму што велат дека и самиот хидрант е дислоциран од овој објект. Синоќа имав можност да разговарам со дуќанџии, односно со сопственици на продавници во овој објект кои ми го соопштија сите овие информации.
Значи нема хидрант за гаснење на пожар, нема ни автоматски противпожарен систем. Зошто? Затоа што некој се обидел да прави криминал, а некој се одлучил тој криминал да го скрие.
Сега ќе се обидам да ви дадам одговор на прашањето кој е виновен за пожарот во Струмица. Кој треба да сноси КРИВИЧНА одговорност? Одговорот на ова прашање може да го најдеме во одлуката на претседателот на РМ, Бранко Црвенковски, за аболиција: Тоа се сите оние кои учесвувале во изградбата на овој објект!
Во изградбата на овој објект учесвувале:
1. Зоран Заев од Струмица
2. Стојан Динев од Струмица
3. Кирил Парталов од Струмица
4. Никола Годев од Струмица
5. Иринка Трајкова од Струмица
6. Горан Крстев од Струмица.
Овие луѓе го изградиле овој објект и овозможиле истиот да функционира без соодветна опрема. Сега се случи штета од стотици илјади евра на луѓе кои поседуваат дуќани таму, а среќа што немаме жртви.
Овие луѓе, кои го изградија трговскиот во Струмица, особено првообвинетиот се појави пред камера и вели дека треба да бидеме солидарни со Струмица, но НЕ, ние не може да бидеме солидарни со вашиот криминал кој според обвинението тогаш изнесуваше 7 милиони евра.
Одиме понатаму. Откако почнавме да објавуваме дека самиот противпожарен систем е нефунцкионален веднаш се јавија пајташите на Зоран Заев, почнувајќи од Костадин Костадинов кој вели дека ВМРО и неговите медиуми, нарекувајќи нѐ нас така, ширеле лажни вести околу противпожарниот апарат дека не функционирал. Замислете го аргументот: „никој објект не би можел да добие дозвола за функционирање доколку нема противпожарен систем“.
Господине Костадинов, вие сте млад како мене и веројатно не се сеќавате дека овој објект е дивоградба од самиот почеток и дека сите тие правни процедури никогаш не се случиле. Но, тој беше веднаш демантиран од страна на пожарникарите кои исто така потврдија дека овде немало противпожарен систем.
Следниот, исто така фатален елемент околу овој пожар, е дека приватна агенција за обезбедување ќе го обезбедува теренот. Замислете… Зошто приватна? Нема во државава полиција? Или можеби некој сака да прикаже и да однесе некаква опрема и да каже „не овде нема кривична одговорност, овде имаме опрема“. Знајеќи ги какви се, тоа нема воопшто да ме изненади. А она што исто така нема воопшто да ме изненади е тоа дека истиве овие, кои сега се на власт, бараат со донација да се решава овој проблем. Замислете! Оние кои украдоа 7 милиони евра во Глобал и беа помилувани од Бранко Црвенковски поради тоа, сега бараат помош од граѓани и компании за пожарот кој се случи таму. Каков парадок! Да биде иронијата уште поголема, она што ми го кажаа дуќанџиите е дека еден и пол час овој објект го гаснело само едно противпожарно возило и тоа од 70-ите или 80-ите… И тоа е некаква донација.
Замислете какво е чувството да се биде во кожата на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија. Само во четирицикли имаат 10 противпожарни возила. Ако ги додадеме и BMW моторите кои ги имаат, ако ги додадеме и автомобилите, скапите Мерцедеси, Поршиња и Бентлиња тие имаат колку да купат цела противпожарна бригада на цела држава, само во автомобилскиот колаж. Без хотелите, становите и викенидиците.
Какво е чувството да живееш најбогато што можеш, на сметка на градот кој си го оставил со само едно противпожарнно возило господине Заев? Баш би сакал еден ден да имате прилика да ми одговорите на ова прашање. Какво е чувството да живеете како бубрег во лој со милиони, а доколку се случи голем пожар во вашата голема, европска, мила Струмица на чиј грб живеете веќе 30 години. Луѓето ќе изгорат уште при мал пожар! Сигурно е прекрасно да се биде таков хипокрит кој сега ни продава приказни за правда, а својот град го остави ограбен и изгорен… Од што? Од неговиот криминал!