Дел од нападот на Илјаз Илјази од страна на советникот Нефи Усеини е снимен од балконот на станот каде што професорот престојува. Од видеоматеријалот се гледа како советникот Усеини тргнува кон професорот, а пред него се испречуваат неколку лица, кои го тргаат на страна. Кога Усеини стигнува до професорот, го фаќа за рака и го влече, пренесува порталот „А1он“.
Во исто време ќерката на Илјази, која го снима видеото, го предупредува Усеини дека го снима инцидентот, на што советникот одговара: „Да ти ја е*** камерата, ќе те фрлам од таму“. На снимката се гледаат и други лица, мајстори, кои работат на градбата спроти зградата, но и лицето што му кажало на Илјази да се симне пред зградата по што настанал инцидентот. Освен нив, снимени се и луѓето што вчера за еден медиум изјавија дека имало расправија, а не физички напад од страна на Усеини. Еден од нив изјави и дека Илјази го нападнал Усеини, а не обратно.
Видеото е снимено неколку минути од почетокот на инцидентот од ќерката на Илјази, а претходно биле направени фотографии на кои се гледа како Усеини му ја трга маицата на професорот, но и како неколку лица го држат советникот настрана од Илјази.
Професорот Илјаз Илјази за „А1он“ вели дека по инцидентот, веднаш заминал во болница поради болки. Тој додава дека во болничкиот извештај пишува оти имал видливи повреди во пределот на главата и вратот.
–Во извештајот од болницата, каде што се јавив по инцидентот, пишува дека имав видливи повреди, а утредента и отоци. Тоа е дадено во полиција и е влезено во предметот. Првиот ден имав и крвавењето од уста – вели Илјази за „А1он“.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.