Македонија 26. јануари 2021. / 10:40

(ВИДЕО) СЛЕДУВА ИЗОЛАЦИЈА: Македонија ќе се врати во нормала дури во 2024, светот во 2022!

(ВИДЕО) СЛЕДУВА ИЗОЛАЦИЈА: Македонија ќе се врати во нормала дури во 2024, светот во 2022!

Вистинска изолација и следува на Македонија како дел од Ковакс системот за вакцинација. Се очекува целиот свет да се врати во нормала во 2022 година а Македонија да чека дури до 2024 година. Покажува истражувањето на еминентниот институт GZero на политологот Јан Бремер, шеф на водечката глобална компанија за проценка на политички ризици Eurasia.

Оваа компанија важи за една од најреномираниете и дури е дел од преговарачкиот процес за ЕУ. Извештајот, каде е споредено кои држави кога ќе се вратат во нормала, покажува дека ние многу по развиениот свет ќе стигнеме до фаза на имунитет од Ковид 19. Истражувањето беше објавено и во The Economist Intelligence Unit.

За овој извештај и за тоа што не очекува разговаравме во утринскиот поткаст на Радио Лидер со докјторот Андон Чибишев.

Целата анализа за која се дискутираше можете да ја погледнете овде.