Македонија 09. јуни 2019. / 21:37

(ВИДЕО) Скандал: Вработена во Основен суд зема мито за да договори пресуда

(ВИДЕО) Скандал: Вработена во Основен суд зема мито за да договори пресуда

Вработена во Основниот суд Скопје, во одделот за стопански спорови е снимена како договара и зема поткуп за да договори пресуда, открива порталот Досие.мк.

Вработената од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6500 евра за наводно да договори – пресудата во Апелациониот суд да падне односно да биде укината.

Семејството се согласило и и дале пари кои таа ги ставила во џеб, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење.

Осомничената која ја има на видеото и самата погледнува дали некој ја снима. Видеото не застанува тука има и дел каде таа споменува имиња на судии кои одлучувале по предметот но според странките никогаш ниту побарале ниту зеле пари ниту имаат некаква конекција со осмомничената. Според извори од скопските судови и друг пат била замешана во слични нелегални активности.

Случајот ќе биде пријавен во полиција и обвинителство. Неофицијално во судот се зборува дека полицијата веќе разговарала со осомничената, но засега подетални информации нема.