Македонија 09. февруари 2020. / 18:34

(ВИДЕО) Скандал: Бабата на Филипче и бизнисмен што добива најмногу тендери од Здравство градат хациенда во Нерези

(ВИДЕО) Скандал: Бабата на Филипче и бизнисмен што добива најмногу тендери од Здравство градат хациенда во Нерези

Сопственик на фирма која, особено во последните неколку години, редовно добива огромни тендери за набавка на медицинска опрема за државните болници, кој е и пријател на Филипче, гради куќа, заедно со, според засега непотврдени информации, тештата на министерот за здравство, пренесе телевизија Алфа.

Куќата во Горно Нерези според катастарските парцели се простира на површина од над 1000 м2.

Парцелите каде што се гради во агенцијата за катастар на недвижности се уште фигурираат како ниви и  соодвествуваат на имињата што како инвеститори се впишани на таблата пред објектот.

Според податоците од централниот регистар е потврдено дека адресата на живеење на инвеститорот на куќата е идентична на онаа наведена во податоците на државниот трговски регистар на фирми.

На прашањето дали министерот Филипче е близок со сопственикот на фирмата „Синерџи“ која пред неполн месец доби тендер „тежок“ 1,7 милиони евра за набавка на медицински материјал за државната клиника за трауматологија, министерот одговори дека се пријатели, но не потврди ниту негираше дека негов не многу близок пријател, гради куќа заедно со мајката на неговата сопруга.

Како одговор на прашањето дали има договор со пријателот, куќата да му припадне како подарок, Филипче, низ насмевка вели „јас не можам да кажам што можам да очекувам, дај Боже.