Професорката Гордана Силјановска Давкова ужива огромна поддршка кај сите граѓани, а тоа се покажа и на денешната средба со граѓаните на Јегуновце.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека граѓаните на избори гласаат за поединци, а не за партии, па така таа ја очекува поддршката од сите разочарани од власта, од разочараните од револуцијата, од оние кои не гласаат, без разлика на етничката или верската припадност.
– Кој ќе гласа за мене? Јас сум некој кој ќе ги претставува сите граѓани на Македонија, оние кои редовно гласаат за ВМРО ДПМНЕ, оние кои се разочараа од оваа власт, оние кои се разочараа од револуцијата, оние кои никогаш не гласале, оние кои се почуствуваа дека го губат достоинството, оние кои ми биле студенти без разлика на етничка и верска припадност, бидејќи граѓани гласаат на избори. Поединци, а не партии! – рече Силјановска.