Македонија 02. јули 2020. / 19:20

(ВИДЕО) Шекеринска: Здравствениот систем е подготвен за секој следен бран на Ковид-19

(ВИДЕО) Шекеринска: Здравствениот систем е подготвен за секој следен бран на Ковид-19

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес во Крушево оцени дека покажавме оти нашето јавно здравство може да го положи тестот, соочени со кризата од коронавирусот.

„Ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство. Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот“, рече Шекеринска.

Истотака, како што додаде Шекеринска, тие во кампањата строго се придржуваат до сите мерки за заштита.