Македонија 22. јуни 2020. / 20:42

(ВИДЕО) Шекеринска рече дека не е Баба Ванѓа и порача: „ВМРО нека пукне од мака”

(ВИДЕО) Шекеринска рече дека не е Баба Ванѓа и порача: „ВМРО нека пукне од мака”

Ниско ниво на комуникација на ТВ дуелот меѓу потпретседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Радмила Шекеринска и Александар Николовски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Шекеринска во неколку наврати лично го навреди Николовски нарекувајќи го “кутар” и “вцрвен” на што Николовски побара да нема навреди на лична основа и на основа на формата на телото што го имаат соговорниците.

Во еден момент објаснувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не помогнало воопшто на патот кон ЕУ и затоа треба да “пукне” од мака.

Предходно објаснувајќи дека одлуката за датумот за преговори со ЕУ таа рече дека не е Баба Ванѓа за да знае кога Македонија ќе добие датум.

Во видеото делот со пораката со која Шекеринска ја споменува Баба Ванѓа и посакува да пукне ВМРО-ДПМНЕ е по 20 минута.

„Само Вистина“ 22.6.2020

„Само Вистина“ со Радмила Шекеринска и Александар Николоски

Gepostet von Канал 5 Телевизија am Montag, 22. Juni 2020