Македонија 31. јануари 2019. / 12:35

(ВИДЕО) Северна Македонија и двојазичност – новите табли ќе го одбележат владеењето на Заев

(ВИДЕО) Северна Македонија и двојазичност – новите табли ќе го одбележат владеењето на Заев

Премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју дадено за Регионалната телевизија Н1 за емисијата „Пресинг“ изјави дека албанскиот јазик станал официјален јазик на целата територија на Република Македонија, и дека по стапувањето на сила на уставните промени ќе бидат сменети сите табли со името Северна Македонија, на кои покрај на македонски името ќе биде напишано и на албански.

– Денеска кога го давам ова интервју на Владина седница дадов насоки веднаш штом Уставот стапи на сила да започне промената на сите табли на нашите амбасади во целиот свет, да се променат сите табли на нашите автопати, на граничните премини, на сите институции во нашата земја, дури и на оние институции каде што има 20 проценти на граѓани да бидат плус на албански јазик. – рече Заев.