Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов уште еднаш повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно да се извини за тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во истражниот затвор „Шутка“.
– Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера и за провидниот театар пред болницата „8-септември“. – рече Костадинов.
Инаку за потсетување денеска и премиерот Зоран Заев побара одговорност за вчерашниот инцидент каде обвинети за тероризам од „Диво насеље“ ги тепаа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Одговорнст побара и делегацијата на Европската Унија во Скопје.