На социјалните мрежи се појави видео на коешто јасно се гледа како СДСМ дели изборен поткуп.
Од видеото кое трае околу половина час се забележува дека не се почитуваат мерките, луѓето не носат заштитни маски иако се повеќемина и се во непосредна близина, а има и деца. Неколкупати во текот на видеото јасно се слуша името на Зоран Заев. А на точно 5:43 минута може да се чуе – партиски начин.
ВМРО-ДПМНЕ веќе неколкупати апелираше до јавноста дека се случува ваква активност кога активисти на СДСМ во време на карантин подготвуваа партиски брендирани пакети наменети за социјално загрозените лица кои власта ги дели за масовен поткуп на граѓаните.
И тогаш нивната реакција беше дека ваква акција треба да се одвива преку организацијата на Црвениот крст или други познати хуманитарни организации и преку центрите за социјална работа наместо да се одвива преку кризен штаб.