Во рамки на средбите со граѓаните кандидатот за претседател Блерим Река вчера ги посети жителите на велешките села, од каде испрати разни пораки. Река во својот говор пред жителите зборуваше дека имаме корумпирана држава, ветувајќи дека ќе се ангажира за владеењето на правото и уништуваше на корупцијата еднаш засекогаш. Река истакна дека е време да се врати довербата во институциите, но некорумпирани.
-Вие нема потреба да гласате за Блерим Река, вие гласате за Републиката, за Законот, гласате против корупцијата, еднаш засекогаш да се уништи и овие села да не останат празни, а децата и младите да се иселуваат. Младите се иселуваат од ова село поради корупцијата и немањето доверба во оваа држава. Треба да се врати довербата во оваа држава и во некорумпираните институции, рече Блерим Река – кандидат за претседател.