Македонија 02. декември 2020. / 20:46

(ВИДЕО) Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, демонстрантите бараат оставка од Заев

(ВИДЕО) Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, демонстрантите бараат оставка од Заев

Вечерва опозициската ВМРО-ДПМНЕ одржа протест во Битола. Протестот започна пред општинската зграда, а заврши пред зградата на СДСМ.

Овие антивладини протести доаѓаат како резултат на скандалозните изјави на премиерот Заев за Бугарија, па токму затоа демонстрантите бараат оставка од Заев.

– Време е да се каже доста е на понижување и распродажба на државните и национални интереси. Токму затоа сите граѓани заедно сплотени, во масовен број и ќе испратат порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси, рекоа на протестите низ земјава.