Македонија 08. февруари 2021. / 23:40

(ВИДЕО) Петрушевска: По толку скандали и неуспеси ќе беше логично Димитров да поднесе оставка

(ВИДЕО) Петрушевска: По толку скандали и неуспеси ќе беше логично Димитров да поднесе оставка

Во вечерашната емисија „Филибастер“ на Радио Лидер гостин беше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска. Со неа се дискутираше за актуелната политичка ситуација во Македонија. Според неа полека се разнишува владејачкото мнозинство .

– Неспомнено е дека парламентарното мнозинство не е така стабилно. Интерпелацијата покажа дека од 62 пратеници за жал некои не беа присутни. Седум пратеници не беа присутни кои претходните месеци му даваа поддршка, вели Петрушевска.

Според неа интерпелацијата на Димитров покажала многу работи на виделина и додава дека Димитров требало да си поднесе оставка уште при првиот неуспех.

– По толку скандали и неуспеси ќе беше логично Димитров да поднесе оставка, но тој реши да ја чека интерпелацијата, вели таа.

За крај додаде дека европската интеграција највисоко е оценета токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Како извор го зема истражувачки институт. Таа вели дека најдобар рејтинг има Македонија од 2009 до 2012 години, а најнизок рејтинг има владата последниве години.