Македонија 22. ноември 2019. / 11:09

(ВИДЕО) Пендаровски во Белград пречекан со највисоки државни почести

(ВИДЕО) Пендаровски во Белград пречекан со највисоки државни почести

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски од денеска е во дводневна официјална посета на Белград, за време на која ќе се состане со државниот врв на Србија.

Домаќин на претседателот Пендаровски е претседателот Александарв Вучиќ, кој го пречека пред Палатата Србија.

По свечениот пречек двајцата функционери ќе имаат тет-а-тет разговор.

По пленарните разговори на делегациите на Србија и Македонија, која ќе ја предводат претседателите на двете земји, Вучиќ и Пендаровски ќе дадат изјави за медиумите, се наведува од Службата за соработка со медиумите.

Пендаровски пота ќе разговара со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, како и со претседателот на Народното собрание Маја Гојковиќ.

Со Пендаровкси во Белград заминаа и македонски стопанственици, а претседателот на Македонија ќе учествува на трговскиот собир Македонија – Србија и ќе има средба со претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и српските стопанственици.