Навивачката група на Вардар – „Комити“ како и години наназад, така и овој 4. мај му одадоа почит на Гоце Делчев. Во врска со денешната прозивка од страна на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, дека групата била политички мотивирана, велат дека тоа го прават традиционално, во исто време и на исто место.
Порачуваат дека функционерката веројатно за тоа никој не ја информирал или погрешно ја информирале бидејќи таа дошла на како што велат „наш настан, во наш термин, кај наш Македонски јунак“.
– Вчера го сквернави ликот и делото на Гоце, нарекувајќи го Бугарски Револуционер, а денес се поклонува пред истиот! Какво лицемерие!, велат од навивачката група.
Во продолжение ви ја пренесуваме нивната реакција, како и видео прилогот:
Минута молк и изведба на една малку подзаборавена Македонска народна песна – Балада за Гоце, пред дворот на црквата заедно со браќата Војводи Тетово, предводени од ангелскиот глас на Фросина Пепоска. И Благодариме!
Извесен политички функционер, веројатно неинформиран(а) или погрешно информиран(а) од службите, дека Традиционално во исто време на исто место, секој 4-ти Мај во 12:00ч. положуваме цвеќе на гробот на Апостолот на Македонската национална борба во Црквата Свети Спас, не прозва дека сме биле Политички мотивирани.
Доаѓа на наш настан, во наш термин, кај наш Македонски јунак…Вчера го сквернави ликот и делото на Гоце, нарекувајќи го Бугарски Револуционер, а денес се поклонува пред истиот ! Какво лицемерие !