Македонија 17. декември 2020. / 10:13

(ВИДЕО) Панов: Финска беше посочена како пример, а таму има предмет историја

(ВИДЕО) Панов: Финска беше посочена како пример, а таму има предмет историја

Утрово на Радио Лидер гостуваше историчарот Митко Панов кој работи во Институтот за национална историја. Тој ги коментираше актуелните реформи во образованието со кои се предвидува изземање на предметот историја од училиштата и спојување со други предмети.

Професорот Панов ја коментираше оваа спорна одлука и го искажа неговиот став за важноста на историјата.

– Преку историјата се гради идентитетот на нацијата и нивната свесност за општеството. Потоа има општествени науки кои се посебен предмет каде се изучува општеството. Меѓутоа, јасно е посочено дека историјата е таа што го гради идентитетот на една земја, вели Панов за Радио Лидер.

Тој додеава дека апсолутно нема никаде во Европа каде историјата е исфрлена како предмет.

– Хрватска преку историјата сака да го зајакне идентитетот на нацијата. Тоа што сите го прават, ние правиме обратно, рече Панов алудирајќи на тоа дека ова што го правиме е да им удоволиме на соседите.