Љупчо Палевски на прес-конференција открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето „Бојкотирам“.
Кодното име на операцијата е „Атлантик“ и истата се одвива во период пред референдумот кога се следат сите противници на промената на името и против нив се калемат тешки обвинувања за домашен тероризам и македонски екстремизам.
Се работи за тероризам во Република Македонија. Со тероризам се состави оваа власт. Со тероризам во оваа држава се манипулираше со народот. И за среќа, благодарение на свеста на македонскиот народ референдумот не успеа. Позади мене се докази како целокупниот систем сосе законодавството и сите учесници кои вршат законодавни функции го злоупотребуваат судството во Република Македонија, злоупотребуваат се за да ги задоволат политичките потреби на политичките газди. За време на референдумот, шест месеци пред референдумот заведена е полициска акција поточно УБК отворила предмет под име „Атлантик“ наводно за тероризам и македонски екстремизам., во кој Управата добила преку обвинителството посебни истражни мерки и сите активисти на „Бојкотирам“ се следени фотографирани и снимани. Нарушена е приватноста, нарушени се сите човекови права кои ги имама, на приватност на политичко дејствување. Сето тоа е документирано, се работи за предмет од преку 1.400 страни и сеуште има патриоти во безбедносниот систем кои не можат да го издржат политичкиот притисок што се врши на нив и благодарение на на такви луѓе и довербата која ја имаат во мене ми го доставија целиот предмет. Во тој предмет сум јас лично, исто така прислушкуван, во него се Стевче Јакимовски, новинари, уредници, Александар Митовски, Солза Грчева…сите кои бевме ангажирани во 2018, на 30 сеотември во одбрана на името и притив така поставениот референдум сите сме ставени како терористи, за правно-формално оваа власт да може да се покрие себе си за прислушкувањето што го правела. Тоа прислушкување можеби д атрае и денеска. Ниту еден активист од Бојкотирам не е повикан во ниту една инсистуција за да побараат барем една изјава. До ден денеска и за овие избори можеби не Атлантик, на начин што било кој полицаец со еден обвинител послушник може да побараат предистражна постапка може да побараат согласност и можат било кого и било каде да го прислушкуваат. И она што е најинтересно, еве веќе две години од завршување на референдумот и Атлантик, а ниту еден од нас не е повикан и не знаеме дали сеуште трае оваа постапка и дали сеуште не следат. Сите се следени, и Христијанско братство, јанко Бачев, Жарко, Драган Угриновски, буквално сите, Сотир Костов, комплетниот активизам тогашен, Розеана Новоселска, нејзината фима е и финансиски е разузнавано. Буквално правеле што сакаат со една обична акција која е исто така терористичка како 27-ми. Еве јас сега правам прес конференција како терорист и македонски екстремист. Она што е најважно што мора да се каже и што македонската јавност мора да ја знае. Во оваа акција се вклучени и навивачките групи на Вардар, „Комити“, „Шкембари“, Гемиџии…и сите нив со месеци се следени , фотографирани и прислушуваи. Освен ширењето на овој Атлантик процес, супер тајна полициска акција, проширена е ина , ако се сеќавата на протерувањето на третиот секретар на руската амбасада, кое е направено со една обична службена белешка. Таа службена белешка е од паркетар, човек кој менувал паркет во Резиденцијата на Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, кој инаку е член на Единствена Македонија. Тоа било причина на еден расказ на оперативен соработник на УБК да се изгради предмет за руско мешање во Републиак Македонија . Комитите паралелно се работени, и врз база на еден соработник на УБК под кодно име „Браво“ претходно бил „Џејмисон“, негов расказ во кафана е наклеветен Савидис, 300.000 евра дека зеле „Комитите“ од него, руски бизнисмен од Грција и сопственик на „ПАОК“. Протеран е руски дипломат, нарушени се односите со Руската Федерација, сетот оа е правено за манипулирање со македонскиот народ. За наша среќа неуспешно тоа го направија. Денеска позади мене се сите документи, докази, нема да пуптаме аудио бомби бидејќи ова го правам не за да барам гласови за избори, туку зошто сметам дека сите сме загрозени во оваа држава, која е само формално држава, системот е киднапиран, системот не е исполитизиран, туку мафијашки систем, рече меѓу другот Палевски.
По завршувањето на прес конференцијата Љупчо Палевски на новинарите им ги даде документите кои ги докажуваат овие тврдења.