Утрово во кафе барот „Baroom“ во Битола со ладно оружје беа нападнати две лица. Насилниците, чиј идентитет е познат на редакција на Курир се со исто презиме. Станува збор за браќата И.А. и В.А, објави Курир.
Овие две лица кои крвнички нападнаа други две лица инаку работат како обезбедување на градоначалникот на СДСМ, Љубе Кузмановски од Новаци.
Но, познати во круговите на СДСМ се и нападнатите лица. Претепаниот З.П. со прекар Шваба е лице кое ги добива тендеритево РЕК Битола преку фирмата СВ Инвест.
Вториот нападнат, З.П со прекар Тарзан е вработен како шеф на обезбедувањето во РЕК Битола, пишува Курир.