Црна сенка на верскиот празник фрли скандалот во кој имаше влечење, буткање и пцостикон новинарските екипи, кои беа во центарот на Скопје, како и сите години наназад да известуваат за одбележувањето на водици, пренесе Канал 5.
Во еден момент новинарите и снимателите беа насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив беа упатувани навредливи зборови и пцости.
Најдебелиот крај го извлече новинарката на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ, која од страна на вработените во агенцијата за обезбедување „Никоб“, ангажирани по наредба на македонската православна црква како единствен организатор на настанот, беше брутално избуткана, навредувана и влечена, поради што заврши во градската болница со повреди на раката и вратот.
За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата.
Во продолжение и изјавата на новинарката Мирјана Мирчевска која пред малку ја даде од градската болница.