Македонија 19. јануари 2021. / 09:40

(ВИДЕО) Николовски го честита Водици: Пред нас е година на нови почетоци, полна со можности и оптимизам

(ВИДЕО) Николовски го честита Водици: Пред нас е година на нови почетоци, полна со можности и оптимизам

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот храм „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од каде потекнува вицепремиерот.

„На сите православни верници им го честитам денешниот голем христијански празник Богојавление Христово – Водици. Овој ден е симбол на вербата во нови почетоци, во обновувањето, вербата во чесното и исправното. Пред нас е една таква година, на нови почетоци, полна со можности и оптимизам. Посакувам конечна, заедничка победа над вирусот, нови радости во семејствата, меѓу пријателите, на работните места, благосостојба, спокој и мир“ – посочи Николовски.

„Во духот на денешниот празник да се обврземе и пред себе си, на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање. Да дадеме се од себе, затоа што новите почетоци тргнуват од секој од нас. Нека е за многу години Богојавление – Водици“, додава Николовски во честитката.