Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. На емисијата беа изнесени повеќе негови ставови околу актуелната политичка ситуација. Николоски зборуваше околу рудникот Иловица.
– Во текот на месец декември почнав да изнесувам ексклузивни информации околу сопственичката структура на рудникот Иловица, започна Николоски укажувајки дека веќе подолг период зборува на истата тема.
Тој го изнесе и неговиот став каде вели дека тој е против отворањето на овој рудник заради еколошки причини.
– Јас сум против изградба на рудникот Иловица, од еколошки причини. Тој рудник таму, на начинот којшто е замислен, ќе ја уништи пошироката околина од животен и еколошки причини, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Радио Лидер.
Тој го спомна и Заев кој го сменил неговиот став на оваа тема.
– Зоран Заев пред избори беше против отворање на рудник во Иловица, но сега молчи, вели Николоски за неговиот противкандидат во изборната единица број 4.
Тој како причина за неговиот молк ја спомена промената на сопственичката структура.
На крајот на ова гостување Николоски рече дека сите негови ставови ги изнесува во јавноста од патриотски побуди.
– Од патриотски побуди ги изнесувам моите инфорамиции во јавноста, со цел истите да не се случат или да се спречат. Но, тоа што го гледам овие 2 години е дека од власта на Заев не добивам никакво одобрување, заврши Николоски во гостувањето на Радио Лидер.
Тука може да го гледате цело гостување на Николоски во Радио Лидер.