Македонија 12. февруари 2021. / 13:18

(ВИДЕО) Николоски: Заев е на врвот на пирамидата „Рекет“

(ВИДЕО) Николоски: Заев е на врвот на пирамидата „Рекет“

Денска се одржува граѓанското судско рочиште каде што премиерот Зоран Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета, бидејќи тој изјави дека Заев се наоѓа на врвот на пирамидата во случајот „Рекет“.

Николоски, кој за разлика од Заев се брани самиот без адвокат, како еден од доказите ја прикажа снимката од Бојан Јовановски, каде што тој вели дека парите од случајот Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

По судењето, во изјава за медиумите Николоски изјави дека аферата со Рекет е многу поголема од што е познато во јавноста, а во истата е вклучена цела пирамида на членови на СДСМ, која завршува со Зоран Заев.

-Во таа шема не се вклучени само Бојан Јовановски и Катица Јанева, туку е вклучена цела една пирамида во СДСМ којашто секако завршува со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, вели Николоски.

Николоски вели дека неговиот исказ е врз основа на вистинити сознанија и дека не бил демантиран ниту од Зоран Заев, ниту од СДСМ.

-Јас тоа сум го кажал во текот на август 2019 година, врз основа на сите сознанија коишто стигале до мене во тој момент, а после тоа времето покажа дека сум било во право, затоа што во август 2019 година тезата беше дека е рекетиран еден бизнисмен, во февруари 2021 знаеме дека се рекетирани повеќе бизнисмени, и тоа не го утврдив јас туку го утврди Кривичниот суд во Република Македонија, изјави тој.