Македонија 25. септември 2018. / 19:55

Николоски: Во СДСМ владее паника, преку Собранието се спрема фалсификат на денот на гласање

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ , Александар Николоски денеска имаше теренски активности во општините Центар и Сопиште.

Она што го забележуваме е дека остануваат неколку впечатоци. Прво дека власта реши да дискутира за се освен за содржината на договорот. Второ дека бегаат од детална дебата за содржината на договорот, затоа што знаат дека немаат аргументи и дека нити е зачувано името на државата, нити е зачуван македонскиот национален идентитет. А, од друга страна немаме никакви гаранции за понатамошна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Следната работа која што е факт е дека одбегнуваат да ги прикажат на јавноста уставните амандмани иако тие се суштината и срцето на договорот.

Следна работа која што ја забележуваме е дека се оди во акт на една нервоза и паника во последниве денови на силни притисоци кон луѓето, да излезат да гласаат онака како што власта очекува. Се прави притисок на јавната администрација, се прави и притисок на приватниот бизнис и тој притисок е се поочигледен и се поголем.