Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој му беше директен противкандидат на лидерот на СДСМ Зоран Заев, како носители на листите на своите партии во четвртата изборна единица, е првиот пратеник што се обрати во рамки на дискусијата на денешната собраниска седница, веднаш по експозето на мандатарот.
Тој особено се осврна на случаите на новинарите Љупчо Златев, Александар Митовски и Горан Момировски кои се соочуваат со истраги, тужби, а еден е веќе осуден. Тој истакна дека државата нема да оди никаде ако гони новинари.
Во моментов има тројца новинари против кои се води истрага, а еден е веќе осуден, заради тоа што си ја вршат својата работа. Ние не одиме никаде, државата нема да оди никаде ако гони новинари. Ако некој работи чесно нема што да се крие зад службена тајна, рече Николоски.