Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски одржа рес конференција на која се осврна на ставовите на Заев за македонскиот јазик, идентитет во однос на преговорите со Бугарија.
Срамот на Зоран Заев да не дозволиме да стане колективен срам. Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини и да ги повлече изјавите што претставуваат удар на темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ, тој уште подлабоко влегуа во небулози, навреди кон својот народ, историски мисинтерпретации и драматично ги руши позициите на сопствената држава и народ, рече Николоски.
Тој додаде дека Заев е изолиран во, како што рече, намерата да го избрише македонскиот национален идентитет, да се откаже од историјата и со тоа да нанесе штети на државата кои ќе имаат далекусежни последици, штети коишто значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичкото наследство. Тоа, според Николоски, е она што го прави Заев овие денови.
Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти кои се вистинските ослободители Заев ги става на другата страна, а добро знаеме дека антифашистичката борба се темелеше на илинденската борба. Добро знаеме дека антифашистичката борба епродолжување на сонот на илинденците и со ова што Заев го прави ја укунува македонската државност како и традицијата на акедонските народно ослободителни борби од илинденскиот и антифашистичкиот период, нешто што е спротивно и на Уставот на Република Македонија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски потенцира дека Заев го прави ова за фотеља, за власт за бизниси, за своите фирми во Македонија и за своите фирми во Бугарија.
Ова го прави за голо останување на власт и уште малку финансиска корист и интерес за него и за неговите блиски. Тоа е тажната вистина. Несогледниви се последиците од неговите ставови во понатамошните разговори. Ова што го прави значи целосно рушење на позициите на Република Македонија на трајна основа. Ова што го прави значи целосно рушење на било каква преговарачка позиција на Република Македонија во иднина. И затоа ден поскоро, час поскоро треба да поднесе оставка и да си замине, додаде Николоски.
Зоран Заев, вели тој, треба да поднесе оставка и да си замине. ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на сто дена од формирањето на Владата ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија.
Очекуваме Владата да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев. Време е граѓаните да се обединат против овој национален срам и национално понижување. Само со оставка на Заев и изгласување недоверба на Владата којашто тој ја води ќе има шанса да се подобрат македонските преговарачки позиции, а исто така и да се врати македонското национално достоинство, појасни Николски.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбарана на националните интереси.
Денес ќе бидеме низ Македонија во 18 часот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, заврши Николоски.