Македонија 17. февруари 2021. / 13:57

(ВИДЕО) Николоски: Власта не дава поддршка за луѓето кои го создаваат националното богатство

(ВИДЕО) Николоски: Власта не дава поддршка за луѓето кои го создаваат националното богатство

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски како дел од теренската работа на оваа партија ги посети Тетово и Брвеница каде се сртна со неколку сопственици на локали и успешни извозни компании.

Тој утрово се сретна со неколку сопственици на компании и хотели, а во текот на денот ќе оставари и средби со технолошко-индустриската развојна зона каде што ќе посети дел од странските инвестиции како и фабриката за производство на стакло.

Николоски рече дека од денешните средби со стопанствениците има две вистини.

– Она што го гледаме во средбите со стопанствениците, со оние коишто практично го создаваат националното богатство на Македонија, го полнат буџетот и даваат плати е дека имаме две вистини. Едната е дека имаме исклучително амбициозни луѓе кои сакаат да работат тука во Македонија и да придонесат, а од друга страна, за жал имаме неодговорна власт и влада која не ги помага овие луѓе. Скоро и да не слушнавме луѓето да добиваат било каква помош, вели Николоски.

Понатаму тој вели дека сопствениците на ресторани не добиваат никаква поддршка од власта веќе речиси една година.

– Рестораните немаат никаква поддршка од државата. Луѓето трпат огромни загуби. Имаат вработени кои седат дома, кредити за плаќање, а немаат никаква поддршка од државата што доведува многу семејства на раб на егзистенција, вели тој.

Затоа тој апелира да се даде поддршка до сите оние кои се сопственици на рестораните за свадби, а вели дека поддршка треба да се даде и на сите кои се засегнати. Како пример тој ги посочува и музичарите, оние кои фотографираат и снимаат.

Во однос на извозните компании тој апелира да се даде поддршка за извозните компании, за нивна едукација и развој за нови истражувачки центри.