Македонија 02. јануари 2019. / 13:37

(ВИДЕО) Николоски: Позади нас е најлошата година за Македонија – ја продолжуваме борбата за заштита на името и идентитетот

(ВИДЕО) Николоски: Позади нас е најлошата година за Македонија – ја продолжуваме борбата за заштита на името и идентитетот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на својот Фејсбук профил, ги објави неговите најзначајни настапи, изјави и средби за 2018 година, кои претставуваат дел од борбата против националното и економското уништување на Македонија.

Тој констатира дека годината која што измина е најлошата година за нашата татковина, бидејќи власта одлучи да го менува државното име и да го избрише македонскиот идентитет.

– НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ИНТЕРВЈУА, ДУЕЛИ, ИЗЈАВИ И СРЕДБИ ВО 2018 ВО БИТКАТА ПРОТИВ НАЦИОНАЛНОТО И ЕКОНОМСКО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.

Почитувани пријатели, позади нас е најлошата година за Република Македонија. Година во којашто Власта реши да го промени името на државата, да го избрише македонскиот национален идентитет и економски да ја уништи државата – објави потпретседателот на опозицијата.

Николовски во 2019 година ја продолжува борбата за заштита на татковината и на македонскиот идентитет.

-Во 2019 година заедно ќе се бориме, и ќе успееме затоа што победата е пред нас! Ви посакувам убави празници, многу мир и благосостојба. Нека е поубава 2019 година! – напиша Николоски.

Погледнете како Николоски се бореше за Република Македонија во 2018 година: