Македонија 04. јуни 2019. / 16:22

(ВИДЕО) Николоски од Брисел: ЕНП со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ – на следните избори ние ќе формираме Влада

(ВИДЕО) Николоски од Брисел: ЕНП со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ – на следните избори ние ќе формираме Влада

Претседателот на Европската Народна партија Жозеф Дол потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ оствари одличен изборен резултат кој на следните парламентарни избори гарантира победа, повтори Александар Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој учествуваше на Политичкото собрание на Европската Народна партија, со видео обраќање од Брисел, ги пренесе зборовите на Дол кој верува во победата на оваа партија.

– Европската Народна партија го одржува своето прво Политичко собрание по завршувањето на Европските избори. Се разгледуваше изборниот резултат и се констатира дека Европската Народна партија останува најголема партија во Европскиот Парламент која што се очекува да ја води идната Европска Комисија. Исто така се разговараше за претседателските избори во Македонија каде што сме многу среќни затоа што претседателот на Европската Народна партија Жозеф Дол потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен резултат дека се бореше сама против една коалиција од 31 политичка партија и дека овој резултат гарантира победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори и формирање на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. – истакна Николоски.

Тој кажа дека делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба и со комесарот за проширување Јоханес Хан со кој разговарале за Извештајот на ЕК и за реформската агенда.

Николоски е убден дека наредната влада ќе биде формирана од ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја имплементира реформаската агенда.