Според ексклузивните информации кои Александар Николоски ги изнесе во своето гостување на ТВ Алфа, изнесе ексклузивни информации дека постојат пратеници кои се дел од владејачкото мнозинство кои сериозно размислуваат да го напуштат истото и да оформат ново мнозинство кое како поспособно, би се справило со целата криза на полесен начин.
– Во овој момент има неколку пратеници од владејачкото мнозинство, коишто сериозно размислуваат да го напуштат истото и да се формира ново парламентарно мнозинство во Собранието со цел да падне оваа влада, затоа што се незадоволни од националните предавства како и здравствената и економска криза која и се случува на Македонија, рече Николоски.