Денеска на пратеничките прашања во Собранието се обрати и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, и тој упати три прашања до претседателот на Владата, Зоран Заев.
Првото прашања се однесуваше околу финансиската состојба во Македонија.
– Пред неколку денови во Собранието се усвои буџетот за 2021 година со којшто предвидената дупка е некаде околу 600 милиони евра под услов да остане оваа проекција, во којашто јас се сомневам и мислам дека ќе е повисока. Ако ја додадеме дупката од 1 милијарда евра од тековната 2020 година, вкупно за 2020 и 2021 година имаме дупка од 1,6 милијарда евра што е најголема кумулативна дупка во историјата на независна Македонија, рече Николоски.
Иако Власта вели дека дупката е заради здравството, тоа не е така.
– Не гледаме никакви посериозни капитални инвестиции, па затоа прашањето кое граѓаните секојдневно ми го поставуваат во услови кога се борат со корона кризата, кога не можат да се најдат доволно слободни болнички кревети, во услови кога луѓе земаат кредити, продаваат станови и се задолжуваат да се лечат во приватни болници затоа што скоро и да нема услови во државните болници, во услови кога се губат човечки животи, прашањето кое ми го поставуваат луѓето е: „Каде се парите“? Каде отидоа 1.6 милијарда евра за 2020 и 2021 година?, праша Николоски.
Не ги гледаме ни во здравство, ни во инфраструктура, ни во инвестиции.
Второто прашање се однесува за состојбата на нашите евроинтеграции. Затоа го праша претседателот на Владата.
– Имајќи предвид дека подолго време говорев дека човек треба да е политички аматер на Балкан да се согласи за иднината на народите и државите да решаваат комисии да се согласуваат за историјата, не можат да се согласат два града, а не па две држави. Моето прашање е, дали во овој момент, три и пол години подоцна сметате дека е грешка тоа што се согласивте дека е грешка што во 2017 се согласивте да се формира комисија за историја?, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Третото прашање кое го постави пратеникот Александар Николоски се однесуваше на рудникот Иловица. Според него не треба да има рудник таму.
– Галена Ресорсис е регистрирана со седиште на Гранд Кајман, на Кајмански острови. Tоа за пошироката јавност е оваа зграда. (види фото) Според инфорамациите на престижниот американски весник Дејли Мејл на ова место се регистрирани повеќе од 20 компании, вели пратеникот.
Според него овде се работи за даночна евазија.
– Галена во овој момент поседува 53.1 процент од Еуромакс Ресорсис, а како нивни претставник во бордот на директори се јавува Иван Вутов, син на Цоло Вутов, еден од најбогатите луѓе во Бугарија кој се занимава со рударство и нема баш добар имиџ каде и да работел. Моето прашање е: Зошто надлежните институции на Владата, од 15 април 2019 година, до денес, не го испитале потеклото на капитал на Галена Ресорсис?, заклучи Николоски.