Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, денеска од собраниската говорница, веднаш по обраќањето на манадатарот Зоран Заев кој ја претстави владината програма, упати остри критики за работата на претходната влада.
На неговото излагање реплицираше Панчо Минов, кому Николоски му возврати дека тој е најдобар пример дека не станува збор за нова влада со нов кредибилитет.
Обраќањето на Панчо Минов е најдобар доказ дека ова не е нова влада, напротив, мислем дека треба да се извади монографија каде се сте биле како политичка структура. Не мислам дека Заев направи паметно што ве зема, бидејќи лојалноста во трае додека имате интерес, рече Николоски.