Македонија 16. април 2020. / 14:17

(ВИДЕО) Николоски: Ги повикувам обвинителството и антикорупциска да истражат за поткупот кој го прави СДСМ во корона кризата!

(ВИДЕО) Николоски: Ги повикувам обвинителството и антикорупциска да истражат за поткупот кој го прави СДСМ во корона кризата!

Наместо да се посветат на спасување на човечки животи, СДСМ посветени се и исклучиво размислуваат за следните парламентарни избори коишто што и да прават ќе ги загубат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во одговор на новинарско прашање во одно на пакетите што СДСМ ги дели по домови.

Партијата смета дека СДСМ се обидуваат да ја злоупотребат маката на луѓето, на оние коишто немаат и на оние коишто се во лоша состојба.

Николоски очекува СДСМ да одговори колку вкупно таканаречена помош е поделена, во која количина и каде? Второ: Од каде истата е купена? Трето: На кој начин се обезбедени средствата со кои овие материја се купени? Четврто: да покажат во јавноста фактури дека навистина тоа што го купиле е платено. Петто: Да кажат на кој начин ги селектираат оние треба да добиваат помош.

Според него и најбитно да одговорат, зошто не ги следат препораките коишто нивната влада ги носи, а тоа е дека постои еден центар каде што сите коишто сакаат да помогнат и да донираат, треба да ги уплатат сопствените средства.

Она коешто ние го имаме како сознание е дека се работи за директен потпуп на гласачи, дека е ова акција којашто била планирана за во тек на изборите, затоа што изборите требаше да се одржат на 12-ти април, но сега заради коронавирусот им се пореметиле плановите. И дека се обидуваат да прават директен поткуп на гласачи што е тешко казниво дело, објасни Николоски.

Тој ги повика Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да поведат постапка, против политичката партија СДСМ и да проверат на кој начин овие, како што рече, таканаречени донации се обезбедени и на кој начин се делат.

Николоски смета дека има многу коруптивност и основ за покренување на кривична одговорност за врвните раководни лица во СДСМ заради поткупот којшто го вршат.