Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. На емисијата беа изнесени повеќе негови ставови околу актуелната политичка ситуација, а она што е значајно за јавноста е екслузивната вест, а тоа е дека за рекордни 7 дена е ставен во употреба трговскиот центар „Глобал“ во 2008 година.
Најпрво, Николоски изрази загриженост за луѓето кои изгубија работа во Струмица.
– Во 2008 година Заев дозволи да се изгради дивоградба, за тоа доби помислување од тогашниот претседател Црвенковски, вели Николоски запрашувајќи како помилувањата од Црвенковски биле во ред, но не било истото и со помилувањата напретходниот претседател.
Според Николоски има непочитување на процедурите во процесот на градба уште од првичното одобрение.
– Истиот кој ја направил дивоградбата во 2008 година си ја легализирал самиот себе, вели Николоски за Радио Лидер.
Според Николоски чудно е како има добиено решение за градба за толку брзо време.
– Донесено е решение одобрение за градба, а решение за ставање во употреба е дадено за 7 дена, додава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Николоски ова е за во гинисова книга на Рекорди бидејќи никаде во светот не се изградил ваков трговски за толку брз период.
– 12 години подоцна заврши со едем голем пожар каде се оштетени луѓето со мали бизниси. Затоа за ова треба има одговорност, истакна Николоски.
Тој додаде дека не е работа на Заев да бара одговорност за овој случај, туку на обвинителството. Затоа тој заврши со апел.
– Ги повикувам надлежните органи да го испитаат случајов, заврши Николоски.