Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев испрати видео честитка по повод инаугурацијата на Претседателот на државата Стево Пендаровски.
Заев е на одмор и не се знае дали ќе учествува на денешната свечена инагурација. Неприсуството на Заев би можело да биде толкувано како порака кон идниот претседател.
Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.
Драг Стево,
Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво.Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. – вели Заев во видео-честитката.