Македонија 18. ноември 2018. / 14:29

Видео најава за протестот во 18:00 часот: Не дозволувај фашизмот и комунизмот да ти го згмечат националното достоинство!

Видео најава за протестот во 18:00 часот: Не дозволувај фашизмот и комунизмот да ти го згмечат националното достоинство!

Вечерва со почеток во 18 часот, движењето #Бојкотирам организира голем натпартиски и сенароден протест, пред Собранието, со цел да се спречи промената на Уставот на Република Македонија.

Со моќно видео тие го најавуваат протестот:

Инаку движењето #Бојкотирам се бори против промената на Уставот на Република Македонија, бидејќи е спротивна на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Тие бараат:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.