Македонија 13. ноември 2019. / 14:59

(ВИДЕО) Власта им се заканува на глувите лица: Ако протестирате ќе ви го укинеме додатокот

(ВИДЕО) Власта им се заканува на глувите лица: Ако протестирате ќе ви го укинеме додатокот

Седум од вкупно осумнаесет Здруженија на глуви и наглуви од повеќе градови ширум Македонија денеска протестираа пред Министерството за труд и социјална политика за да го изразат незадоволството.

Со транспаренти во рацете и свирчиња побараа да се почитуваат нивните права. Реагираат дека парите кои Министерството ги префрла на Националниот сојуз за глуви не им се исплаќа на Здруженијата, а се сомневаат и во фалсификати на извештаите кои сојузот ги испраќа до Министерството за труд и социјална политика.

Членовите се пожалија и дека добивале притисоци за да не протестираат. Како што тврдат, доаѓале од претседателот и секретарката на Националниот сојуз на глуви и наглуви. Реагираат дека им се заканувале, ако протестираат ќе им ги укинат месечните надоместоци.

Во вторник во Министерството ќе имаат уште една средба на која ќе бидат поканети и претставници на Националниот сојуз. Протестот од пред МТСП продолжи до ЕУ инфо центарот.