Македонија 05. февруари 2021. / 09:40

(ВИДЕО) НАЦЕВ ЗА СОСТОЈБАТА ВО АРМИЈАТА: Никој не смее да се пожали затоа што казните се високи!

(ВИДЕО) НАЦЕВ ЗА СОСТОЈБАТА ВО АРМИЈАТА: Никој не смее да се пожали затоа што казните се високи!

Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше универзитетскиот професор Александар Нацев. Со него се дискустираше на повеќе теми како: безбедноста, нашиот влез во НАТО, условите на Армијата на Македонија и слично.

– Се направи една перцепција дека кога ќе влеземе во НАТО се магично ќе се смени, но тоа воопшто не е така затоа што системот на колективна одбрана што го носи НАТО една работа, а индивидуалните системи кои ги носи секоја друга земја е друга работа, вели Нацев за Радио Лидер.

Според него условите во нашата армија не се на задоволително ниво.

– Кога британските структури дошле и ги виделе условите во Пепелиште и Криволак побарале веднаш сакале да си заминат, вели тој.

Условите кои ги има Армијата според него не доликуваат на нивото кое треба да бидат.

– Никој не смее да се пожали затоа што казните се високи. Вие тоа може да го видите преку масовниот одлив на војници. Јас знам многу војници, подофицери, па дури и офицери коишто си дадоа откази и отидоа да работат во приватни компании во Ирак и Авганистан, но голем дел од нив почнаа да возат камиони и да се занимаваат со други бизниси, завршува Нацев.