Денеска гостин во емисијата „Утрински брифинг“ беше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Со неа се зборуваше на повеќе теми, а една од нив беше законот за лични карти кој според неа премиерот Заев треба да го повлече и да го пушти во нова процедура.
– ВМРО-ДПМНЕ поднесе само еден амандман во кој се бара да нема етничка припадност, туку кај делот државјанство сакаме да стои македонско. Сега останува да видиме дали се искрени намерите на премиерот Зоран Заев дека ова законско решение навистина сака да мине низ процедурите на Собранието и доколку е така во овој момент единствено решение е да го повлече законот и да го пушти во нова процедура, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
Во однос на најавената иницијатива за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи вели дека јавноста е запозната дека на централната седница што се одржа на 21 јули во 2020 година беше донесен нов Статут на ВМРО ДПМНЕ во кој точно се определени новите делегати кои ќе бидат присутни на новиот конгрес што е закажан за ноември. Не верувам дека во било која држава може да се крши Статутот и правилата на игра. Јас не знам за кои делегати зборуваат тие, вели Мизрахи.
Целиот разговор со пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи може да го погледнете во видеото во продолжение.