Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во изјава за 1ТВ вели дека Зоран Заев на лидерската средба рекол дека Катица Јанева за 10 дена ќе излезе од притвор.
Специјалната обвинителка Катица Јанева која е третоосомничена во случајот „Рекет“ за 10 дена мерката притвор ќе и биде замени со поблага мерка куќен притвор, вака премиерот Заев ги брифирал присутните на лидерската средба пред два дена во Собранието, тврди пратеникот Антонио Милошоски.
Заев кој кажа дека според негови сознанија таквиот потег ќе и помогне за 10 дена наместо во затворски притвор да биде во куќен притвор. Ние сите бевме изненадени како може еден премиер кој што смета дека нема врска со обвинителството и со судството 10-тина дена порано да го знае одлуките на судовите и на обвинителствата со која мерка ќе биде заменета мерката притвор за Катица Јанева, изјави Милошоски.
Милошовски во емисијата 10 минути на ТВ21 рече дека во случајот „Рекет“ длабоко инволвирани се уште 2-ца пратеници од владеачкото мнозинство како и судии и нивни соработници.