Македонија 15. јуни 2020. / 14:03

(ВИДЕО) Милошоски: Меѓународен печат за политичкото обвинителство на Јовевски и на Вилма

(ВИДЕО) Милошоски: Меѓународен печат за политичкото обвинителство на Јовевски и на Вилма

Преку извештајот на Фридом Хаус македонската јавност, за жал, посведочи дека денешниот развој нa настаните во обвинителството е многу полош од претходните години. Политичкото мешање во работата на јавното обвинителство е еден од најголемите проблеми, кој што Македонија го има за да се справи против борбата со криминалот и корупцијата, изјави на денешната прес-конференција членот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Според него, обвинителството на Јовевски и на Вилма сега и со меѓународен извештај се потврди дека е политичко обвинителство, кое спроведува селективна правда и селективни закони.

-Политичката монтажа за 27 април, прогонот на политички неистомисленици, најчесто од опозицијата, и многу невини луѓе во затвор, а многу осудени затвореници на слобода, како што е убиецот на Мартин Нешковски и други, покажуваат дека политиката длабоко замешала прсти во судството, обвинителството и во установите кои што ги спроведуваат судските пресуди, рече Милошоски.

Во изминативе 3 години, додаде Милошоски, ниту еден криминалец, особено ако е од редовите на власта, не одговараше, туку напротив, тие станаа први другари со Заев и неговиот потесен круг. Oвој меѓународен документ на Фридом Хаус уште еднаш потврдува дека изминатите три години имаме монтирани случаи, дури и кога се одговора, како на пример градоначалниците Боро Малборо и Курто Дудуш, по што станува јасно дека политиката е посилна од обвинителството и судовите.

-Клучниот елемент, што ја очекува Македонија при можните идни преговори со ЕУ, владеење на правото во Македонија, е сериозно загрозен. Дополнително, корупцијата останува голем и сериозен проблем, особено неказнивоста по однос на корупцијата на високи владини функционери, многу медиуми, новинари, па и политички опоненти открија неколку крупни афера, но за жал за ниедна од нив немаме ниту обвинителска, ниту пак судска разрешница. Последен пример за поткуп и за предизборна корупција се пакетите коишто Заев и неговите најблиски соработници ги делат на посиромашни семејства, нудејќи им пакет прехранбени продукти во замена за избирачки глас, што е одлика на Заев во Струмица, но за жал ја спроведува на територија на цела Република Македонија, изјави Милошоски.

Според него, извештајот на Фридом Хаус не е поволен за Македонија и претставува меѓународна потврда дека корупцијата и селективната правда и сивата економија се трите одлики на хибридниот режим на Зоран Заев. Затоа смета дека е време на Заев, Спасовски и на СДСМ да им се каже доста е, да се понуди добра политичка алтернатива и да се започне процесот на обнова и на економијата и на институциите, и на примената за законите во цела држава.