Македонија 16. ноември 2020. / 18:42

(ВИДЕО) Михаела: Потребна е посебна линија да се добијат дежурните лекари

(ВИДЕО) Михаела: Потребна е посебна линија да се добијат дежурните лекари

Вчера, македонската јавност масовно го споделуваше Фејсбук статусот на Михаела чија мајка почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип.

Ќерката на починатата пациентка објасни за лекарската негрижа, а на нејзиниот статус се надоврзаа и други луѓе кои го делат истото мислење и споделија сопствени искуства.

Околу оваа вест утрово се огласија и надлежните. Имено, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип.

Денеска, ќерката на починатата пациентка , Михаела, изјави дека не бараат одговорност за смртта на мајка си, но бараат да не се повтори. Таа исто така апелираше да има посебна телефонска линија да се добијат дежурните лекари и сестри.

Во продолжение може да го видете и видеото на новинарот Фуркан Салиу.