Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Собранието на негово барање. .
По средбата, Мицксоки ги оцени разговорите со лидерот на коалицискиот партнер на Зоран Заев како кратки и успешни. Според Пржинскиот договор, Мицкоски е обврзан да им ги соопшти имињата на своите предлог-министри на најголемите партиципиенти во владата.
– Разговаравме за профилот и биографијата на можното кадрвоско решение што го предлагаме за технички министер во преодната влада. Го запознавме раководството на ДУИ со нашиот предлог. Очекувам успешна средна со премиерот во заминување и веднаш по таа средба ќе го соопштиме името – изјави Мицкоски.
По средбата со Ахмети, Мицкоски замина во Владата на средба со Заев.