Македонија 26. февруари 2021. / 10:08

(ВИДЕО) Мицкоски: Вице Заев пратил на 20 новинари да објават текстови против мене и моето семјство

(ВИДЕО) Мицкоски: Вице Заев пратил на 20 новинари да објават текстови против мене и моето семјство

Во денешната емисија „Утро со Златев“ гостин беше лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Со него се разговараше на повеќе теми, а една од нив беше и актуелната политичка ситуација со Бугарија, како и нападите кон неговото семејство од страна на бугарските медиуми.

– Имам 20 новинари кои ми сведочеа вчера дека лично братот на премиерот им го праќал текстот на бугарските медиуми со насока да го објават, вели Мицкоски за Радио Лидер.

Мицкоски додава дека ова не е првпат Вице Заев да го навреди неговото семејство.

– Вторпат овој човек го навредува моето семејство, а јас бев професор на неговата ќерка – знаење ѝ давам. Вторпат го навредува моето семејство и треба да биде свесен за последиците, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека никогаш не си дозволил да нападне на семејство на политички опонент, ниту пак дека ќе дозволи.

Мицкоски вели дека и тој и неговата сопруга немаат друго државјанство освен македонско и затоа веста кои некои медиуми ја објавија ја отфрла како неточна.

Доколку Мицкоски биде во состојба да преговара со Бугарија тој вели дека би се поставил принципиелно и македонски.  Но, според него најважно е најпрво да ги решиме проблемите дома, па потоа да зборуваме за друго.