Македонија 19. јануари 2020. / 12:49

(ВИДЕО) Мицкоски со став дека нема потреба од лидерска средба без усогласени ставови

(ВИДЕО) Мицкоски со став дека нема потреба од лидерска средба без усогласени ставови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дeнеска од Oхрид порача дека нема намера да го губи времето на господинот Заев ако треба да се одржи лидерска средба колку да се одржи.

-Законот за јавно обвинителство е многу често коментиран, работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба и немаме дилема дека треба да се донесе европски Закон за јавно обвинителство. Но, ова што е предложено од страна на СДСМ е закон кој што во иднина треба да ги штити криминалните структрури на СДСМ кој ќе заминат во опозиција по 12 април. Ако треба да се одржи средба колку само да се одржи, јас навистина немам намера да го губам времето на господинот Заев, ниту времето на граѓаните, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека доколку работните групи успеат да ги приближат ставовите тогаш – може да зборуваат за нешто поконкретно, односно за одржување уште една лидерска средба.