Денес продолжуваме со работа и посета на Кавадарци каде остварив средба со Регионалната стопанска комора на Кавадарци. Ова беше и добра прилика да го промовираме пакетот на мерки и проекти кој го нудиме за бизнис заедницата, напиша на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Посебен акцент ставивме на мерките што подразбираат намалување на данокот, персоналниот данок практично она кое што во текот на вчерашната прес конференција и го соопштивме на македонската јавност. Но и претходно кое што го комунициравме на состанокот со Стопанската Комора на Македонија во Скопје.
Од 10 прво во првите 100 дена на 9%, па потоа на 8%, тука е мерката ослободување на оданочувањето од персонален данок на доход на младите до 29 години. Потоа оние цели на макро економски план, стратешките приоритети кои што ќе бидат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после победата на предвремените парламентарни избори.
Она кое што го добивме како повратен ефект од страна на претставниците на реалниот сектор е навистина поздравувањето за овие мерки, предвидливоста во политиките кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води во периодот кој што следи, на даночните политики, политиките во рамките на Собранието, оние генерални политики бидејќи не сакаат ад хок законски решенија по скратена постапка.
Генерално тоа беше темата на денешниот состанок, би го окарактеризирал како исклучително успешен и корисен за нас.“, напиша Мицкоски.