Македонија 02. јуни 2019. / 20:43

(ВИДЕО) Мицкоски пееше и навиваше со комитите: Вака изгледа надојден Вардар!

(ВИДЕО) Мицкоски пееше и навиваше со комитите: Вака изгледа надојден Вардар!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го следеше финалето меѓу Вардар и Веспрем во Келн.

Во победничка атмосфера Мицкоски пееше и навиваше заедно со комитите. Тој на социјалните мрежи им ја честиташе европската титула на црвено-црните:

-Вака изгледа надојден Вардар, шампионски Вардар. Вардар од Македонија шампион на Европа! Не направија горди во срцето на Европа. Вистинска радост за нашата земја. Нема запирање и тогаш кога е тешко, и тогаш кога има такви кои велат оваа е тешка задача. Вардар покажа дека се е можно, и дека победите се реалност, со срце, со сила, непокорност и со нескршлива верба во себе. Честитки за црвено црните на Вардар. Браво ШАМПИОНИ! ??